насекира

Глагол, свршен

Значење на насекира:

Вознемири, растревожи, јадоса некого. Многу го насекира разговорот со братот. Не им кажав на домашните да не ги насекирам.

Коњугација: насекираат.

Изведени зборови:

  • се ~ насекира, Се вознемири, се растревожи, се јадоса. Не секирај се, и тоа ќе помине.
  • (се) насекирува, глаг. повт. (се) насекируваат

Оригинални податоци:

насекира, насекираат св. Вознемири, растревожи, јадоса некого. Многу го насекира разговорот со братот. Не им кажав на домашните да не ги насекирам. ● се ~ Се вознемири, се растревожи, се јадоса. Не секирај се, и тоа ќе помине. ‖ (се) насекирува, (се) насекируваат повт.