насели

Глагол, свршен

Значење на насели:

Доведе, смести некого да живее на некое место. Бегалците ги населија во една напуштена рударска населба.

Коњугација: населат.

Изведени зборови:

  • населување, глаг. им. ср.
  • се ~ насели, Се досели, дојде да живее некаде. Го остави селото и се насели во градот.
  • (се) населува, глаг. несв. (се) населуваат

Оригинални податоци:

насели, населат св. Доведе, смести некого да живее на некое место. Бегалците ги населија во една напуштена рударска населба. ● се ~ Се досели, дојде да живее некаде. Го остави селото и се насели во градот. ‖ (се) населува, (се) населуваат несв. ‖ глаг. им. населување ср.