наш

Придавка, Заменска придавка

Значење на наш:

1. Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша.

2. Што ни е познат, близок. Нашиот пријател. Нашиот учител. Нашите раководители.

3. Што ни е близок по роднинска врска, што е од нашиот крај, од нашата земја. Тој е наш. Си отидоа нашите.

4. Што има некаква директна врска со нас, што ни служи. Нашиот автобус. Нашето училиште. Нашата амбуланта.

5. Што е предмет на нашиот разговор, расправа. Нашиот јунак тогаш добро се замислил. Нашиот проблем не е во тоа.

Множина: нашите.

Членувана форма: нашата , нашето, нашиот .

Фразеолошки израз / поговорка:

На наше време – кога бевме млади.

Оригинални податоци:

наш, нашиот, нашата, нашето, мн. нашите зам. прид. 1. Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша. 2. Што ни е познат, близок. Нашиот пријател. Нашиот учител. Нашите раководители. 3. Што ни е близок по роднинска врска, што е од нашиот крај, од нашата земја. Тој е наш. Си отидоа нашите. 4. Што има некаква директна врска со нас, што ни служи. Нашиот автобус. Нашето училиште. Нашата амбуланта. 5. Што е предмет на нашиот разговор, расправа. Нашиот јунак тогаш добро се замислил. Нашиот проблем не е во тоа. ◊ На наше време – кога бевме млади.