нашироко
Значење на нашироко:
1. Во широк круг, широко во дадена средина. Ова предание нашироко е познато кај нас и денеска. Тој начин на производство нашироко се применува.
2. Опширно, во подробности. Селаните нашироко се распрашуваа за нас и за нашите фамилии. Нашироко им ги објаснуваше предностите на новата организација на работата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Надолго и нашироко – во подробности, со многу детали.
Оригинални податоци:
нашироко прил. 1. Во широк круг, широко во дадена средина. Ова предание нашироко е познато кај нас и денеска. Тој начин на производство нашироко се применува. 2. Опширно, во подробности. Селаните нашироко се распрашуваа за нас и за нашите фамилии. Нашироко им ги објаснуваше предностите на новата организација на работата. ◊ Надолго и нашироко – во подробности, со многу детали.