насилство
Значење на насилство:
1. Примена на сила врз некого против неговата волја и неговите права. Трагите од насилството беа видливи на неговото тело.
2. Дејствување, постапка против природниот ред и општоприфатениот, установениот начин на однесување; притисок, беззаконие. За жал, историјата е календар на борби, војни и разни насилства.
Множина: насилства.
Оригинални податоци:
насилство, мн. насилства ср. 1. Примена на сила врз некого против неговата волја и неговите права. Трагите од насилството беа видливи на неговото тело. 2. Дејствување, постапка против природниот ред и општоприфатениот, установениот начин на однесување; притисок, беззаконие. За жал, историјата е календар на борби, војни и разни насилства.