наскока
Значење на наскока:
1. За множество – се нафрли во скок врз некого. Сите наскокаа на него.
2. За множество – за миг, во скок стане. Кога влезе војводата, сите наскокаа да го поздрават.
Коњугација: наскокаат.
Изведени зборови:
- се ~ наскока, Помине доволно време во игра, во скокање.
- (се) наскокува, глаг. повт. (се) наскокуваат
Оригинални податоци:
наскока, наскокаат св. 1. За множество – се нафрли во скок врз некого. Сите наскокаа на него. 2. За множество – за миг, во скок стане. Кога влезе војводата, сите наскокаа да го поздрават. ● се ~ Помине доволно време во игра, во скокање. ‖ (се) наскокува, (се) наскокуваат повт.