наслуша
Значење на наслуша:
1. Напрегне внимание нешто да чуе. Молчи и наслушај колку што можеш да чуеш. Застана да наслуша, но ништо не чу. Ја подигна главата и наслуша.
2. Чуе, слушне многу нешта, многу работи. За него што не наслушав, ама сè било лага.
Коњугација: наслушаат.
Изведени зборови:
- наслушување, глаг. им. ср.
- се ~ наслуша, Помине долго време во слушање, се измори, се засити од слушање.
- (се) наслушува, глаг. несв. (се) наслушуваат
Оригинални податоци:
наслуша, наслушаат св. 1. Напрегне внимание нешто да чуе. Молчи и наслушај колку што можеш да чуеш. Застана да наслуша, но ништо не чу. Ја подигна главата и наслуша. 2. Чуе, слушне многу нешта, многу работи. За него што не наслушав, ама сè било лага. ● се ~ Помине долго време во слушање, се измори, се засити од слушање. ‖ (се) наслушува, (се) наслушуваат несв. ‖ глаг. им. наслушување ср.