насмее

Глагол, свршен

Значење на насмее:

Поттикне некого на смеење. Ти можеш и болен човек да насмееш. Со ништо не можеш да го насмееш. Сакаше да ја насмее, но не успеваше.

Коњугација: (ќе) насмеев , (ќе) насмееја , (ќе) насмеел, насмеав , насмеаја , насмеал , насмеан , насмеат , насмеј (го , насмејте (го , се) , се) .

Изведени зборови:

  • насмевање, глаг. им. ср.
  • (се) насмева, глаг. повт. (се) насмеваат
  • се ~ насмее, 1. Изрази задоволство со смеење. Гласно се насмеа. Сите слатко се насмеаја. На таква шега секој ќе се насмее. 2. Се пошегува, се потсмее со некого. Се криеше од другите, ѝ беше страв да не ѝ се насмеат. Ќе му речам, па ако сака нека се насмее со мене.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му (ми, ти и др.) се насмеа среќата – добие нешто вредно, успее во нешто.

Оригинални податоци:

насмее, насмеат; насмеј (го, се), насмејте (го, се); насмеав, насмеаја; насмеал; насмеан; (ќе) насмеев, (ќе) насмееја; (ќе) насмеел св. Поттикне некого на смеење. Ти можеш и болен човек да насмееш. Со ништо не можеш да го насмееш. Сакаше да ја насмее, но не успеваше. ● се ~ 1. Изрази задоволство со смеење. Гласно се насмеа. Сите слатко се насмеаја. На таква шега секој ќе се насмее. 2. Се пошегува, се потсмее со некого. Се криеше од другите, ѝ беше страв да не ѝ се насмеат. Ќе му речам, па ако сака нека се насмее со мене. ◊ Му (ми, ти и др.) се насмеа среќата – добие нешто вредно, успее во нешто. ‖ (се) насмева, (се) насмеваат повт. ‖ глаг. им. насмевање ср.