насочи

Глагол, свршен

Значење на насочи:

1. Определи, даде насока, управи во некоја насока. Бродот го насочи кон најблискиот остров. Ја насочи пушката кон селанецот. Погледите ги насочија кон прозорецот.

2. Сосредоточи кон нешто. Насочи внимание. Насочи истражување. Насочи интересирање.

Коњугација: насочат.

Изведени зборови:

  • насочување, глаг. им. ср.
  • се ~ насочи, 1. Се упати во некоја насока. 2. Се сосредоточи, се концентрира на нешто.
  • (се) насочува, глаг. несв. (се) насочуваат

Оригинални податоци:

насочи, насочат св. 1. Определи, даде насока, управи во некоја насока. Бродот го насочи кон најблискиот остров. Ја насочи пушката кон селанецот. Погледите ги насочија кон прозорецот. 2. Сосредоточи кон нешто. Насочи внимание. Насочи истражување. Насочи интересирање. ● се ~ 1. Се упати во некоја насока. 2. Се сосредоточи, се концентрира на нешто. ‖ (се) насочува, (се) насочуваат несв. ‖ глаг. им. насочување ср.