насока
Значење на насока:
1. Правец на движење или на некое друго дејство. Едни возеа во насока на аеродромот, други обратно. Во далечината на реката се нишаа чунови чијашто насока не можеше да се определи.
2. (прен.) План, цел, карактер на развојот на некоја дејност. Насока на работата. Насоки на развојот на градинарството. Насоки и тенденции во современата музика. Уметнички насоки и стилови.
3. (прен.) Во школството – програма за образование во определен тип занимање. Математичка насока. Јазична насока.
Множина: насоки.
Оригинални податоци:
насока, мн. насоки ж. 1. Правец на движење или на некое друго дејство. Едни возеа во насока на аеродромот, други обратно. Во далечината на реката се нишаа чунови чијашто насока не можеше да се определи. 2. (прен.) План, цел, карактер на развојот на некоја дејност. Насока на работата. Насоки на развојот на градинарството. Насоки и тенденции во современата музика. Уметнички насоки и стилови. 3. (прен.) Во школството – програма за образование во определен тип занимање. Математичка насока. Јазична насока.