насолзи
Значење на насолзи:
Предизвика солзи кај некого. Кога му кажа што се случи, длабоко го натажи и го насолзи.Коњугација: насолзат.
Изведени зборови:
- насолзување, глаг. им. ср.
- се ~ насолзи, Покаже, пушти солзи. Од чадот ми се насолзија очите. Се насолзија на разделбата, зашто знаеја дека тоа е последно видување.
- (се) насолзува, глаг. несв. (се) насолзуваат
Оригинални податоци:
насолзи, насолзат св. Предизвика солзи кај некого. Кога му кажа што се случи, длабоко го натажи и го насолзи. ● се ~ Покаже, пушти солзи. Од чадот ми се насолзија очите. Се насолзија на разделбата, зашто знаеја дека тоа е последно видување. ‖ (се) насолзува, (се) насолзуваат несв. ‖ глаг. им. насолзување ср.