настамени
Значење на настамени:
1. Намести, стави, постави нешто. Убаво настамени ја масата да не се мрда.
2. Намести некого некаде (да седне, на служба и сл.). На чело на трпезата го настаменија попот. Го настамени синот за раководител во претпријатието.
Коњугација: настаменат.
Изведени зборови:
- настаменување, глаг. им. ср.
- се ~ настамени, Се намести, се смести. Се настамени на катот, а приземјето го даде под кирија. Откако се настаменија во градот, го заборавија селото.
- (се) настаменува, глаг. несв. (се) настаменуваат
Оригинални податоци:
настамени, настаменат св. 1. Намести, стави, постави нешто. Убаво настамени ја масата да не се мрда. 2. Намести некого некаде (да седне, на служба и сл.). На чело на трпезата го настаменија попот. Го настамени синот за раководител во претпријатието. ● се ~ Се намести, се смести. Се настамени на катот, а приземјето го даде под кирија. Откако се настаменија во градот, го заборавија селото. ‖ (се) настаменува, (се) настаменуваат несв. ‖ глаг. им. настаменување ср.