настане

Глагол, свршен

Значење на настане:

1. Настапи, стане, се случи нешто. Кога сè било готово, настанала караница меѓу двајцата. Промените што настанаа ја подобрија положбата. Настана голема мешаница меѓу луѓето. Настана црна темница.

2. Порасне, стане полнолетен, способен за работа. Кога ѝ настанаа децата, ѝ беше многу полесно.

3. За множество, повеќемина – стане истовремено, наеднаш. Сите настанаа да му честитаат.

4. Се крене на бунт. Народот настана во сите краишта на земјата.

5. Се создаде, се добие, произлезе од нешто. Езерата настанале со тектонски поместувања на земјиштето.

Коњугација: (ќе) настанеа , (ќе) настанев , (ќе) настанел, настанаа , настанав , настанал , настанат , настанат , настанете , настани .

Изведени зборови:

  • настанува, глаг. несв. настануваат од 1 и 5.
  • настанување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

настане, настанат; настани, настанете; настанав, настанаа; настанал; настанат; (ќе) настанев, (ќе) настанеа; (ќе) настанел св. 1. Настапи, стане, се случи нешто. Кога сè било готово, настанала караница меѓу двајцата. Промените што настанаа ја подобрија положбата. Настана голема мешаница меѓу луѓето. Настана црна темница. 2. Порасне, стане полнолетен, способен за работа. Кога ѝ настанаа децата, ѝ беше многу полесно. 3. За множество, повеќемина – стане истовремено, наеднаш. Сите настанаа да му честитаат. 4. Се крене на бунт. Народот настана во сите краишта на земјата. 5. Се создаде, се добие, произлезе од нешто. Езерата настанале со тектонски поместувања на земјиштето. ‖ настанува, настануваат несв. од 1 и 5. ‖ глаг. им. настанување ср.