настапи 2

Глагол, свршен

Значење на настапи:

1. За време – дојде, започне. Настапи долгото топло лето. Настапија студени, дождливи есенски денови. Настапија долгите зимски ноќи.

2. Се појави, стапи пред публика, во натпревар и сл. Најпрво настапи детскиот хор. Екипата настапи во најдобар состав.

3. Стапи во напад, се спротивстави. Војската настапи од три страни. Настапи со силни аргументи во своја одбрана.

4. Се создаде некаква состојба, се случи нешто. Настапи големо разочарување. Настапи голема концентрација на чад. Настапи долга пауза. Очекуваа да настапат промени кон подобро.

Коњугација: настапат.

Изведени зборови:

  • настапува, глаг. несв. настапуваат
  • настапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

настапи2, настапат св. 1. За време – дојде, започне. Настапи долгото топло лето. Настапија студени, дождливи есенски денови. Настапија долгите зимски ноќи. 2. Се појави, стапи пред публика, во натпревар и сл. Најпрво настапи детскиот хор. Екипата настапи во најдобар состав. 3. Стапи во напад, се спротивстави. Војската настапи од три страни. Настапи со силни аргументи во своја одбрана. 4. Се создаде некаква состојба, се случи нешто. Настапи големо разочарување. Настапи голема концентрација на чад. Настапи долга пауза. Очекуваа да настапат промени кон подобро. ‖ настапува, настапуваат несв. ‖ глаг. им. настапување ср.