настаса

Глагол, свршен

Значење на настаса:

1. Стигне, пристигне во одење, при движење. Сакаше да ме настаса, ама не можеше.

2. Порасне, стигне определена возраст. Децата ми настасаа за училиште.

3. За множество – стигне во голем број. Група бегалци настасаа од сите страни. По долгата зима настасаа глутници волци по селата.

Коњугација: настасаат.

Изведени зборови:

  • настасување, глаг. им. ср.
  • се ~ настаса, Се стигне со друг. Одвај се настасаа дури кај чешмата.
  • (се) настасува, глаг. несв. (се) настасуваат

Оригинални податоци:

настаса, настасаат св. 1. Стигне, пристигне во одење, при движење. Сакаше да ме настаса, ама не можеше. 2. Порасне, стигне определена возраст. Децата ми настасаа за училиште. 3. За множество – стигне во голем број. Група бегалци настасаа од сите страни. По долгата зима настасаа глутници волци по селата. ● се ~ Се стигне со друг. Одвај се настасаа дури кај чешмата. ‖ (се) настасува, (се) настасуваат несв. ‖ глаг. им. настасување ср.