настега

Глагол, свршен

Значење на настега:

Со стегање, притискање направи во мал простор да собере нешто во поголемо количество. Ги настега кошовите со тутун. Сè што му требаше сакаше да настега во куферот.

Коњугација: настегаат.

Изведени зборови:

  • настегување, глаг. им. ср.
  • се ~ настега, Се собере, се смести во мал простор, се збие. Сите се настегаа во автобусот.
  • (се) настегува, глаг. несв. (се) настегуваат

Оригинални податоци:

настега, настегаат св. Со стегање, притискање направи во мал простор да собере нешто во поголемо количество. Ги настега кошовите со тутун. Сè што му требаше сакаше да настега во куферот. ● се ~ Се собере, се смести во мал простор, се збие. Сите се настегаа во автобусот. ‖ (се) настегува, (се) настегуваат несв. ‖ глаг. им. настегување ср.