настиска
Значење на настиска:
1. Со стискање смести нешто во што поголемо количество, настега, нагнете. Го настиска сеното во вреќата и ја крена на грб.
2. Нацеди сок. Одвај настиска од лимонот неколку капки.
Коњугација: настискаат.
Изведени зборови:
- настискување, глаг. им. ср.
- се ~ настиска, Се смести со стискање во тесен простор. Се настискаа во вагоните дури да не можат да мрднат.
- (се) настискува, глаг. несв. (се) настискуваат
Оригинални податоци:
настиска, настискаат св. 1. Со стискање смести нешто во што поголемо количество, настега, нагнете. Го настиска сеното во вреќата и ја крена на грб. 2. Нацеди сок. Одвај настиска од лимонот неколку капки. ● се ~ Се смести со стискање во тесен простор. Се настискаа во вагоните дури да не можат да мрднат. ‖ (се) настискува, (се) настискуваат несв. ‖ глаг. им. настискување ср.