настрада

Глагол, свршен

Значење на настрада:

1. Насилно изгуби живот, загине. Во авионската несреќа сите настрадале. Во поплавата настрадало едно лице.

2. Доживее несреќа, претрпи голема штета. Речиси нема семејство што не настрада. Во земјотресот најмногу настрадаа постарите куќи.

Коњугација: настрадаат.

Изведени зборови:

  • настрадува, глаг. повт. настрадуваат
  • настрадување, глаг. им. ср.
  • се ~ настрада, Помине низ долго, тешко страдање. Се настрадаа по разни затвори и логори.

Оригинални податоци:

настрада, настрадаат св. 1. Насилно изгуби живот, загине. Во авионската несреќа сите настрадале. Во поплавата настрадало едно лице. 2. Доживее несреќа, претрпи голема штета. Речиси нема семејство што не настрада. Во земјотресот најмногу настрадаа постарите куќи. ● се ~ Помине низ долго, тешко страдање. Се настрадаа по разни затвори и логори. ‖ настрадува, настрадуваат повт. ‖ глаг. им. настрадување ср.