настрои
Значење на настрои:
1. Доведе некого во некакво настроение. Убавото ветување ги настрои да ја продолжат работата.
2. Дотера, наштимува музички инструмент.
Коњугација: (ќе) настроев , (ќе) настроеја , (ќе) настроел, настроија , настрој , настројаа и настроив , настројав , настројал и настроил , настројан и настроен , настројат , настројте .
Изведени зборови:
- настројување, глаг. им. ср.
- се ~ настрои, Се доведе во некаво настроение. По две-три песни убаво се настроивме. Не можеше да ги прифати забелешките, кои станаа причина непријателски да се настрои спрема другарите.
- (се) настројува, глаг. несв. (се) настројуваат
Оригинални податоци:
настрои, настројат; настрој, настројте; настројав, настројаа и настроив, настроија; настројал и настроил; настројан и настроен; (ќе) настроев, (ќе) настроеја; (ќе) настроел св. 1. Доведе некого во некакво настроение. Убавото ветување ги настрои да ја продолжат работата. 2. Дотера, наштимува музички инструмент. ● се ~ Се доведе во некаво настроение. По две-три песни убаво се настроивме. Не можеше да ги прифати забелешките, кои станаа причина непријателски да се настрои спрема другарите. ‖ (се) настројува, (се) настројуваат несв. ‖ глаг. им. настројување ср.