настрви

Глагол, свршен

Значење на настрви:

Навикне некого на стрв, наостри за напад (обично за куче, пес). Го настрви кучето, никој во двор не може да влезе.

Коњугација: настрват.

Изведени зборови:

  • настрвување, глаг. им. ср.
  • се ~ настрви, 1. Се навикне на стрв (за животно). Гавраните толку многу се настрвија, не се плашеа од ништо. 2. (прен.) Се озлоби, стане многу лош, зол, подлегне на силни страсти. Се настрви на својот сосед, да не го види да не му се навика нешто. Се настрви на девојката, постојано ѝ додеваше.
  • (се) настрвува, глаг. несв. (се) настрвуваат

Оригинални податоци:

настрви, настрват св. Навикне некого на стрв, наостри за напад (обично за куче, пес). Го настрви кучето, никој во двор не може да влезе. ● се ~ 1. Се навикне на стрв (за животно). Гавраните толку многу се настрвија, не се плашеа од ништо. 2. (прен.) Се озлоби, стане многу лош, зол, подлегне на силни страсти. Се настрви на својот сосед, да не го види да не му се навика нешто. Се настрви на девојката, постојано ѝ додеваше. ‖ (се) настрвува, (се) настрвуваат несв. ‖ глаг. им. настрвување ср.