натаму
Значење на натаму:
1. Во тој (од ситуацијата определен) правец, на таа (од ситуацијата определена) страна. Тргнаа натаму кон селото. Под мене беше градот, натаму се протегаа полиња и шуми.
2. Просторно и временски – во продолжение (обично во компаратив: понатаму). Не сакаше да оди натаму (понатаму). Под тие услови не можеа да работат натаму. Животот си тече и натаму.
3. Просторно и временски – од определено место, од определен момент, во иднина. Одовде натаму сè е твое. Отсега натаму ти ќе раководиш.
Фразеолошки израз / поговорка:
И така натаму (скратено: итн.) – израз со кој се прекинува набројувањето, наведување примери и сл.
Оригинални податоци:
натаму прил. 1. Во тој (од ситуацијата определен) правец, на таа (од ситуацијата определена) страна. Тргнаа натаму кон селото. Под мене беше градот, натаму се протегаа полиња и шуми. 2. Просторно и временски – во продолжение (обично во компаратив: понатаму). Не сакаше да оди натаму (понатаму). Под тие услови не можеа да работат натаму. Животот си тече и натаму. 3. Просторно и временски – од определено место, од определен момент, во иднина. Одовде натаму сè е твое. Отсега натаму ти ќе раководиш. ◊ И така натаму (скратено: итн.) – израз со кој се прекинува набројувањето, наведување примери и сл.