натежне
Значење на натежне:
1. Добие поголема тежина, стане потежок. Гранките натежнале од богат род. Покривите на куќите натежнаа од снег.
2. Се наведна од тежина на една страна, изгуби рамнотежа. Кајчето натежна на нашата страна. Терезијата натежна на едната, па на другата страна и се смири.
3. (прен.) Придобие некого со барање, со молба за нешто. Ти ќе му натежнеш да се согласи.
4. (прен.) Почувствува тегоба од нешто. Годините му натежнале. Во душата ми натежна голема тага.
Коњугација: (ќе) натежнеа , (ќе) натежнев , (ќе) натежнел, натежнаа , натежнав , натежнал , натежнат , натежнат , натежнете , натежни .
Изведени зборови:
- натежнува, глаг. несв. натежнуваат
- натежнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
натежне, натежнат; натежни, натежнете; натежнав, натежнаа; натежнал; натежнат; (ќе) натежнев, (ќе) натежнеа; (ќе) натежнел св. 1. Добие поголема тежина, стане потежок. Гранките натежнале од богат род. Покривите на куќите натежнаа од снег. 2. Се наведна од тежина на една страна, изгуби рамнотежа. Кајчето натежна на нашата страна. Терезијата натежна на едната, па на другата страна и се смири. 3. (прен.) Придобие некого со барање, со молба за нешто. Ти ќе му натежнеш да се согласи. 4. (прен.) Почувствува тегоба од нешто. Годините му натежнале. Во душата ми натежна голема тага. ‖ натежнува, натежнуваат несв. ‖ глаг. им. натежнување ср.