натиска 2

Глагол, несвршен

Спореди: натисне.

Значење на натиска:

1. Пригмечува, нагмечува. Самарот го натискаше и му правеше рана на бедното животно.

2. Притиска, врши притисок. Водата надоаѓаше и сè повеќе натискаше.

3. (прен.) Принудува, присилува. Од сите страни натискаа учителот да се врати на работа.

Коњугација: натискаат.

Изведени зборови:

  • натискање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

натиска2, натискаат несв., сп. натисне. 1. Пригмечува, нагмечува. Самарот го натискаше и му правеше рана на бедното животно. 2. Притиска, врши притисок. Водата надоаѓаше и сè повеќе натискаше. 3. (прен.) Принудува, присилува. Од сите страни натискаа учителот да се врати на работа. ‖ глаг. им. натискање ср.