натокми
Значење на натокми:
1. Убаво облече, дотера, уреди. Невестата ја натокмија како што е редот.
2. Спреми, подготви, снабди тоа што е потребно. Го натокми коњот, и тргнаа. Ја натокми масата за ручек. Кујната им беше мала, но натокмена со сè што треба.
3. Израмни, намири. Натокми го да не биде покусо. Му натокми до денар колку што му зел. Аврам натокмил сто години кога умрел.
Коњугација: натокмат.
Изведени зборови:
- натокмување, глаг. им. ср.
- се ~ натокми, 1. Се дотера, се уреди. Се натокми како за Велигден. 2. Се намири, се раздолжи. Одвај се натокмивме со сметките.
- (се) натокмува, глаг. несв. (се) натокмуваат
Оригинални податоци:
натокми, натокмат св. 1. Убаво облече, дотера, уреди. Невестата ја натокмија како што е редот. 2. Спреми, подготви, снабди тоа што е потребно. Го натокми коњот, и тргнаа. Ја натокми масата за ручек. Кујната им беше мала, но натокмена со сè што треба. 3. Израмни, намири. Натокми го да не биде покусо. Му натокми до денар колку што му зел. Аврам натокмил сто години кога умрел. ● се ~ 1. Се дотера, се уреди. Се натокми како за Велигден. 2. Се намири, се раздолжи. Одвај се натокмивме со сметките. ‖ (се) натокмува, (се) натокмуваат несв. ‖ глаг. им. натокмување ср.