натопори

Глагол, свршен

Значење на натопори:

Покаже, истакне, испречи нешто пред некого. Војникот му ја натопори пушката на селанецот.

Коњугација: натопорат.

Изведени зборови:

  • натопорување, глаг. им. ср.
  • се ~ натопори, Се истакне, се испречи пред некого. Што ми се топориш толку како да не знам кој си.
  • (се) натопорува, глаг. несв. (се) натопоруваат

Оригинални податоци:

натопори, натопорат св. Покаже, истакне, испречи нешто пред некого. Војникот му ја натопори пушката на селанецот. ● се ~ Се истакне, се испречи пред некого. Што ми се топориш толку како да не знам кој си. ‖ (се) натопорува, (се) натопоруваат несв. ‖ глаг. им. натопорување ср.