натовари
Значење на натовари:
1. Товари, стави определен товар. Го натовари магарето дрва. Натоварија еден камион со храна.
2. (прен.) Задолжи, оптовари некого со обемна, тешка, важна работа, грижа. Го натоварија со подготовката на годишното собрание.
Коњугација: натоварат.
Изведени зборови:
- натоварување, глаг. им. ср.
- се ~ натовари, 1. Се товари нешто да носи. Се натовари колку што можеше да носи и тргна. 2. (прен.) Прими, прифати некоја дополнителна, одговорна и сл. работа, задача.
- (се) натоварува, глаг. несв. (се) натоваруваат
Оригинални податоци:
натовари, натоварат св. 1. Товари, стави определен товар. Го натовари магарето дрва. Натоварија еден камион со храна. 2. (прен.) Задолжи, оптовари некого со обемна, тешка, важна работа, грижа. Го натоварија со подготовката на годишното собрание. ● се ~ 1. Се товари нешто да носи. Се натовари колку што можеше да носи и тргна. 2. (прен.) Прими, прифати некоја дополнителна, одговорна и сл. работа, задача. ‖ (се) натоварува, (се) натоваруваат несв. ‖ глаг. им. натоварување ср.