натрапи

Глагол, свршен

Значење на натрапи:

1. Случајно, без намера сретне некого или нешто. Само што тргнаа, натрапија на заседа. Кога не очекуваа, натрапија на глутница волци.

2. Натера некого, без да сака, да прифати (да купи, да земе подарок и сл.) нешто. Му ја натрапи колата, божем евтино како на пријател.

Коњугација: натрапат.

Изведени зборови:

  • натрапување, глаг. им. ср.
  • се ~ натрапи, Се придружи, се наметне во некоја средина против желбата на другите. Малку му беше што им се натрапи, не ги остави збор да кажат.
  • (се) натрапува, глаг. несв. (се) натрапуваат

Оригинални податоци:

натрапи, натрапат св. 1. Случајно, без намера сретне некого или нешто. Само што тргнаа, натрапија на заседа. Кога не очекуваа, натрапија на глутница волци. 2. Натера некого, без да сака, да прифати (да купи, да земе подарок и сл.) нешто. Му ја натрапи колата, божем евтино како на пријател. ● се ~ Се придружи, се наметне во некоја средина против желбата на другите. Малку му беше што им се натрапи, не ги остави збор да кажат. ‖ (се) натрапува, (се) натрапуваат несв. ‖ глаг. им. натрапување ср.