натурка

Глагол, свршен

Значење на натурка:

1. Турне, изурне во поголемо количество. Натуркаа сè што не беше направено по планот.

2. Со туркање нагнете, натиска. Ги натуркаа сите во вагонот и ги затворија.

Коњугација: натуркаат.

Изведени зборови:

  • натуркување, глаг. им. ср.
  • се ~ натурка, 1. Се наработи туркајќи нешто. 2. Се навтера, се напика со туркање. Се натурка во преполнетата сала.
  • (се) натуркува, глаг. несв. (се) натуркуваат

Оригинални податоци:

натурка, натуркаат св. 1. Турне, изурне во поголемо количество. Натуркаа сè што не беше направено по планот. 2. Со туркање нагнете, натиска. Ги натуркаа сите во вагонот и ги затворија. ● се ~ 1. Се наработи туркајќи нешто. 2. Се навтера, се напика со туркање. Се натурка во преполнетата сала. ‖ (се) натуркува, (се) натуркуваат несв. ‖ глаг. им. натуркување ср.