научи

Глагол, свршен

Значење на научи:

1. Со учење усвои нешто добро, целосно. Покрај кирилицата, ја научиле и латиницата. Научи да пишува и да чита уште пред да почне да оди на училиште.

2. Узнае, дознае нешто. Му беше тешко што не можеше нешто да научи за судбината на другарите. Кога научи дека мајка му е болна, веднаш се врати в село. Научивме од селаните дека ноќе оделе некакви луѓе и ги ограбувале.

3. Навикне на нешто. Ти си научил да се смееш и кога не треба. Си научил луѓето да ти се клањаат. Не можеше да научи да станува рано.

4. Пренесе некакво знаење, оспособи некого за нешто. Го прибра кај себе и го научи на занаетот. Ги научи децата да пливаат.

Коњугација: научат.

Изведени зборови:

  • научување, глаг. им. ср.
  • се ~ научи, 1. Усвои некакво знаење, вештина и сл. Се научи да пишува. Се научи да плете. Се научи да плива. 2. Добие некаков навик, се навикне на нешто. Се научи да пуши. Се научил да лаже. Се научи да си легнува доцна.
  • (се) научува, глаг. повт. (се) научуваат

Оригинални податоци:

научи, научат св. 1. Со учење усвои нешто добро, целосно. Покрај кирилицата, ја научиле и латиницата. Научи да пишува и да чита уште пред да почне да оди на училиште. 2. Узнае, дознае нешто. Му беше тешко што не можеше нешто да научи за судбината на другарите. Кога научи дека мајка му е болна, веднаш се врати в село. Научивме од селаните дека ноќе оделе некакви луѓе и ги ограбувале. 3. Навикне на нешто. Ти си научил да се смееш и кога не треба. Си научил луѓето да ти се клањаат. Не можеше да научи да станува рано. 4. Пренесе некакво знаење, оспособи некого за нешто. Го прибра кај себе и го научи на занаетот. Ги научи децата да пливаат. ● се ~ 1. Усвои некакво знаење, вештина и сл. Се научи да пишува. Се научи да плете. Се научи да плива. 2. Добие некаков навик, се навикне на нешто. Се научи да пуши. Се научил да лаже. Се научи да си легнува доцна. ‖ (се) научува, (се) научуваат повт. ‖ глаг. им. научување ср.