наука

Именка, женски род

Значење на наука:

1. Систем од знаења за законитостите во развојот на природата, општеството и на мислењето; одделна гранка од тие знаења. Егзактна наука. Општествени науки. Наука за јазикот.

2. (арх.) Поука, поучување, опит. Сета наука тогаш се состоеше во читање црковни книги. Се виде колкава била неговата наука.

3. (арх.) Навик. Таа наука, убаво да се облекува, ја прими од тебе.

Множина: науки.

Оригинални податоци:

наука, мн. науки ж. 1. Систем од знаења за законитостите во развојот на природата, општеството и на мислењето; одделна гранка од тие знаења. Егзактна наука. Општествени науки. Наука за јазикот. 2. (арх.) Поука, поучување, опит. Сета наука тогаш се состоеше во читање црковни книги. Се виде колкава била неговата наука. 3. (арх.) Навик. Таа наука, убаво да се облекува, ја прими од тебе.