науми
Значење на науми:
1. Намисли нешто. Онака како што сте наумиле, сметам дека не е остварливо. Ако сте наумиле да го отворите рудникот, ќе ви помогнеме. Што наумиле, тоа и направиле.
2. Спомене нешто. Кога ќе му наумеше за делбата, уште повеќе го лутеше.
3. Потсети. Да ми наумиш утре да ги платам сметките.
Коњугација: наумат.
Изведени зборови:
- наумува, глаг. несв. наумуваат
- наумување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
науми, наумат св. 1. Намисли нешто. Онака како што сте наумиле, сметам дека не е остварливо. Ако сте наумиле да го отворите рудникот, ќе ви помогнеме. Што наумиле, тоа и направиле. 2. Спомене нешто. Кога ќе му наумеше за делбата, уште повеќе го лутеше. 3. Потсети. Да ми наумиш утре да ги платам сметките. ‖ наумува, наумуваат несв. ‖ глаг. им. наумување ср.