навакса

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на навакса:

1. Успее да заврши некоја работа до определено време. Треба да наваксаме со копањето додека не заврнало.

2. Надомести, надополни. Недостигот на храброст го навакса со итрина.

Коњугација: наваксаат.

Изведени зборови:

  • наваксува, глаг. несв. наваксуваат
  • наваксување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

навакса, наваксаат св. (разг.) 1. Успее да заврши некоја работа до определено време. Треба да наваксаме со копањето додека не заврнало. 2. Надомести, надополни. Недостигот на храброст го навакса со итрина. ‖ наваксува, наваксуваат несв. ‖ глаг. им. наваксување ср.