навали 1
Значење на навали:
1. Настрани, наведне на една страна. Го навали коритото да го истури.
2. Потпре на нешто. Ја навали главата на фотелјата. Ја навали вреќата на ѕидот.
3. Ненадејно надојде, се нафрли, нападне. Навалија гости како никогаш. Волците навалија на жртвата. Војски навалија од сите страни. Противничките играчи со сите сили навалија да го израмнат резултатот.
4. Совлада, обземе. Сонот го навали. Го навалија грижи.
Коњугација: навалат.
Изведени зборови:
- навалување, глаг. им. ср.
- се ~ навали, 1. Се настрани. Кајчето многу се навали. Ја потпреа куќата што се навалила. 2. Се облегне, се потпре. Се навали на столот.
- (се) навалува, глаг. несв. (се) навалуваат
Оригинални податоци:
навали1, навалат св. 1. Настрани, наведне на една страна. Го навали коритото да го истури. 2. Потпре на нешто. Ја навали главата на фотелјата. Ја навали вреќата на ѕидот. 3. Ненадејно надојде, се нафрли, нападне. Навалија гости како никогаш. Волците навалија на жртвата. Војски навалија од сите страни. Противничките играчи со сите сили навалија да го израмнат резултатот. 4. Совлада, обземе. Сонот го навали. Го навалија грижи. ● се ~ 1. Се настрани. Кајчето многу се навали. Ја потпреа куќата што се навалила. 2. Се облегне, се потпре. Се навали на столот. ‖ (се) навалува, (се) навалуваат несв. ‖ глаг. им. навалување ср.