наваму

Прилог

Значење на наваму:

1. Во просторот – во правецот на лицето што зборува, кон него, кон неговата страна, кон неговата средина. Дојди наваму. Белки болеста нема да се прошири наваму.

2. Во времето – од некој момент, од некое време до сега, до моментот на зборувањето. Од таа ноќ наваму не сум го сретнал. Од неколку години наваму ништо не работи. Од ослободувањето наваму.

Фразеолошки израз / поговорка:

Наваму-натаму – 1. неопределено каде. 2. денгуби.

Оригинални податоци:

наваму прил. 1. Во просторот – во правецот на лицето што зборува, кон него, кон неговата страна, кон неговата средина. Дојди наваму. Белки болеста нема да се прошири наваму. 2. Во времето – од некој момент, од некое време до сега, до моментот на зборувањето. Од таа ноќ наваму не сум го сретнал. Од неколку години наваму ништо не работи. Од ослободувањето наваму. ◊ Наваму-натаму – 1. неопределено каде. 2. денгуби.