наведе 1

Глагол, свршен

Значење на наведе:

1. Свие надолу; наведне Гранките се наведоа, ќе се искршат. Житја со наведени класје.

2. Спушти надолу, сведне (глава, очи и сл.); наведне 2. Ја наведе главата. Наведе чело. Го наведе погледот.

Коњугација: (ќе) наведеа , (ќе) наведев , (ќе) наведел , наведат , наведен, наведете , наведи , наведоа , наведов , навел .

Изведени зборови:

  • наведување, глаг. им. ср.
  • се ~ наведе, Се свие надолу. Се наведе и му бакна рака.
  • (се) наведува, глаг. несв. (се) наведуваат

Оригинални податоци:

наведе1, наведат; наведи, наведете; наведов, наведоа; навел; (ќе) наведев, (ќе) наведеа; (ќе) наведел; наведен св. 1. Свие надолу; сп. наведне 1. Гранките се наведоа, ќе се искршат. Житја со наведени класје. 2. Спушти надолу, сведне (глава, очи и сл.); сп. наведне 2. Ја наведе главата. Наведе чело. Го наведе погледот. ● се ~ Се свие надолу. Се наведе и му бакна рака. ‖ (се) наведува, (се) наведуваат несв. ‖ глаг. им. наведување ср.