наведе 2

Глагол, свршен

Значење на наведе:

1. Буквално пренесе нешто што е кажано или напишано; цитира. Песната ја наведе во целост. Насловот е погрешно наведен. За поткрепа на своето мислење наведе едно место од Библијата.

2. Наброи, соопшти. Наведе повеќе примери. Наведе неколку причини. Наведе убедливи факти.

3. Наговори, натера. Одвај го наведе да признае. Тоа го наведе добро да размисли.

Коњугација: (ќе) наведеа , (ќе) наведев , (ќе) наведел , наведат , наведен, наведете , наведи , наведоа , наведов , навел .

Изведени зборови:

  • наведува, глаг. несв. наведуваат
  • наведување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

наведе2, наведат; наведи, наведете; наведов, наведоа; навел; (ќе) наведев, (ќе) наведеа; (ќе) наведел; наведен св. 1. Буквално пренесе нешто што е кажано или напишано; цитира. Песната ја наведе во целост. Насловот е погрешно наведен. За поткрепа на своето мислење наведе едно место од Библијата. 2. Наброи, соопшти. Наведе повеќе примери. Наведе неколку причини. Наведе убедливи факти. 3. Наговори, натера. Одвај го наведе да признае. Тоа го наведе добро да размисли. ‖ наведува, наведуваат несв. ‖ глаг. им. наведување ср.