навев
Значење на навев:
1. Тоа што го донесува ветрот (снег, дожд и др.). Снежни навеви. Навеви од дожд ја поплавија терасата.
2. Веење, дување на ветрот. Навевот на ветрот му го отежнуваше одењето.
3. (прен.) Влијание, дејство од некоја страна. Навеви од младотурското движење. Навеви од новите правци во музиката. Беа отворени кон сите навеви отстрана.
Множина: навеви.
Оригинални податоци:
навев, мн. навеви м. 1. Тоа што го донесува ветрот (снег, дожд и др.). Снежни навеви. Навеви од дожд ја поплавија терасата. 2. Веење, дување на ветрот. Навевот на ветрот му го отежнуваше одењето. 3. (прен.) Влијание, дејство од некоја страна. Навеви од младотурското движење. Навеви од новите правци во музиката. Беа отворени кон сите навеви отстрана.