навик
Значење на навик:
Однесување, постапка што со долго повторување станала обична, постојана за некого. Запали цигара, повеќе по навик одошто од потреба. Имаше навик да станува многу рано. Му мина во навика пред легнување да се прекрстиМножина: навики, навици.
Алтернативно: навика
Фразеолошки израз / поговорка:
Има навик, ама има и одвик – како што може човек да се навикне на нешто, така може и да се одвикне, ако за тоа има потреба.
Оригинални податоци:
навик, мн. навици м. и навика, мн. навики ж. Однесување, постапка што со долго повторување станала обична, постојана за некого. Запали цигара, повеќе по навик одошто од потреба. Имаше навик да станува многу рано. Му мина во навика пред легнување да се прекрсти. ◊ Има навик, ама има и одвик – како што може човек да се навикне на нешто, така може и да се одвикне, ако за тоа има потреба.