навлезе

Глагол, свршен

Значење на навлезе:

1. Влезе подлабоко во некоја средина. Навлегоа во густата букова шума. Навлегол меѓу грмушките.

2. Влезе во голем број, во големо количество. Во дворот на училиштето навлегоа војници. Сите навлегоа во собата. Во организацијата навлегоа млади луѓе. Во визбата навлегла вода.

3. (прен.) Изврши голем дел од некоја работа, прошири знаења, се задлабочи во нешто. Навлеговме во подготовките на фестивалот. Навлезе во тајните на шахот. Навлезе во занаетот. Навлезе во суштината на проблемот. Навлезе во детали.

4. (прен.) Стигне до некоја возраст. Навлезе во триесеттата година. Навлезе во длабока старост. Навлезе во години.

Коњугација: (ќе) навлезеа , (ќе) навлезев , (ќе) навлезел , навлегле , навлегоа , навлегов , навлегол , навлезат , навлезен, навлезете , навлези .

Изведени зборови:

  • навлегува, глаг. несв. навлегуваат
  • навлегување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

навлезе, навлезат; навлези, навлезете; навлегов, навлегоа; навлегол, навлегле; (ќе) навлезев, (ќе) навлезеа; (ќе) навлезел; навлезен св. 1. Влезе подлабоко во некоја средина. Навлегоа во густата букова шума. Навлегол меѓу грмушките. 2. Влезе во голем број, во големо количество. Во дворот на училиштето навлегоа војници. Сите навлегоа во собата. Во организацијата навлегоа млади луѓе. Во визбата навлегла вода. 3. (прен.) Изврши голем дел од некоја работа, прошири знаења, се задлабочи во нешто. Навлеговме во подготовките на фестивалот. Навлезе во тајните на шахот. Навлезе во занаетот. Навлезе во суштината на проблемот. Навлезе во детали. 4. (прен.) Стигне до некоја возраст. Навлезе во триесеттата година. Навлезе во длабока старост. Навлезе во години. ‖ навлегува, навлегуваат несв. ‖ глаг. им. навлегување ср.