навотка

Глагол, свршен

Значење на навотка:

Вотне многу нешта. Навотка сè што најде во торбата.

Коњугација: навоткаат.

Изведени зборови:

  • навоткување, глаг. им. ср.
  • се ~ навотка, Се вотне – во голем број, повеќемина. Се навоткаа без карти. Се навоткаа преку ред.
  • (се) навоткува, глаг. повт. (се) навоткуваат

Оригинални податоци:

навотка, навоткаат св. Вотне многу нешта. Навотка сè што најде во торбата. ● се ~ Се вотне – во голем број, повеќемина. Се навоткаа без карти. Се навоткаа преку ред. ‖ (се) навоткува, (се) навоткуваат повт. ‖ глаг. им. навоткување ср.