наврапит

Придавка

Значење на наврапит:

Што избрзува, премногу пргав. Чуварот беше наврапит, своеглав и поработлив од сите.

Членувана форма: наврапитиот.

Изведени зборови:

  • наврапито, прил. Набрзина, одненадеж, неочекувано. Имаше нешто во карактерот со што лесно и наврапито доаѓаше до пријатели. Тргна наврапито кон излезот. Наврапито си отиде. Есента и зимата кај нас наврапито се менуваат.
  • наврапитост, и. ж.

Оригинални податоци:

наврапит, наврапитиот прид. Што избрзува, премногу пргав. Чуварот беше наврапит, своеглав и поработлив од сите. ‖ наврапито прил. Набрзина, одненадеж, неочекувано. Имаше нешто во карактерот со што лесно и наврапито доаѓаше до пријатели. Тргна наврапито кон излезот. Наврапито си отиде. Есента и зимата кај нас наврапито се менуваат. ‖ наврапитост ж.