навре 2

Глагол, свршен

Значење на навре:

Надојде, исполни, обземе. Солзи му навреа на очите. Силна тага му навре во душата. Не можев да најдам одговор на прашањата што ми навираа. Тешки спомени навираа во душата на стариот мајстор.

Коњугација: , наврат , навре , навреа , наврел , наврен .

Изведени зборови:

  • навира, глаг. несв. навираат
  • навирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

навре2, наврат; навре, навреа; наврел; наврен; (само 3 л.) св. Надојде, исполни, обземе. Солзи му навреа на очите. Силна тага му навре во душата. Не можев да најдам одговор на прашањата што ми навираа. Тешки спомени навираа во душата на стариот мајстор. ‖ навира, навираат несв. ‖ глаг. им. навирање ср.