навреди
Значење на навреди:
Нанесе навреда некому. Тој збор многу го навреди и го налути. Кажи ѝ, но гледај да не ја навредиш.Коњугација: навредат.
Изведени зборови:
- навредување, глаг. им. ср.
- се ~ навреди, Се почувствува погоден, прими, сфати нешто како навреда. Таа се навреди од неговата шега.
- (се) навредува, глаг. несв. (се) навредуваат
Оригинални податоци:
навреди, навредат св. Нанесе навреда некому. Тој збор многу го навреди и го налути. Кажи ѝ, но гледај да не ја навредиш. ● се ~ Се почувствува погоден, прими, сфати нешто како навреда. Таа се навреди од неговата шега. ‖ (се) навредува, (се) навредуваат несв. ‖ глаг. им. навредување ср.