наврти

Глагол, свршен

Значење на наврти:

1. Впери оружје. Му ја наврти пушката. Топовските цевки ги навртија кон горните куќи на селото.

2. Сврти, насочи кон нешто. Го наврти увото да чуе. Го наврти грбот кон печката. Ги навртија говедата на поило. Ја наврти рекичката кон својата нива. Го навртија зборот на политика.

Коњугација: навртат.

Изведени зборови:

  • навртување, глаг. им. ср.
  • се ~ наврти, 1. Се сврти на некоја страна. 2. Се нафрли на нешто, нападне. Му се навртија на зелникот. Волците му се навртија на пленот. Им се навртија со лоши зборови. Им се навртија на липите да ги исечат.
  • (се) навртува, глаг. несв. (се) навртуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Наврти вода на своја воденица – уреди во своја полза. Господ (среќата) ќе наврти – ќе даде, ќе помогне.

Оригинални податоци:

наврти, навртат св. 1. Впери оружје. Му ја наврти пушката. Топовските цевки ги навртија кон горните куќи на селото. 2. Сврти, насочи кон нешто. Го наврти увото да чуе. Го наврти грбот кон печката. Ги навртија говедата на поило. Ја наврти рекичката кон својата нива. Го навртија зборот на политика. ● се ~ 1. Се сврти на некоја страна. 2. Се нафрли на нешто, нападне. Му се навртија на зелникот. Волците му се навртија на пленот. Им се навртија со лоши зборови. Им се навртија на липите да ги исечат. ◊ Наврти вода на своја воденица – уреди во своја полза. Господ (среќата) ќе наврти – ќе даде, ќе помогне. ‖ (се) навртува, (се) навртуваат несв. ‖ глаг. им. навртување ср.