навтаса
Разговорен збор, израз.
Значење на навтаса:
1. Достигне определена возраст за нешто, неопходен развој, зрелост. Децата навтасаа за училиште. Грозјето навтаса. Тестото навтасало.
2. Стигне, пристигне некого, нешто. Одвај го навтасавме.
Коњугација: навтасаат.
Изведени зборови:
- навтасување, глаг. им. ср.
- се ~ навтаса, Сретне, стигне еден со друг. Се навтасавме на мостот.
- (се) навтасува, глаг. несв. (се) навтасуваат
Оригинални податоци:
навтаса, навтасаат св. (разг.) 1. Достигне определена возраст за нешто, неопходен развој, зрелост. Децата навтасаа за училиште. Грозјето навтаса. Тестото навтасало. 2. Стигне, пристигне некого, нешто. Одвај го навтасавме. ● се ~ Сретне, стигне еден со друг. Се навтасавме на мостот. ‖ (се) навтасува, (се) навтасуваат несв. ‖ глаг. им. навтасување ср.