назаби

Глагол, свршен

Значење на назаби:

Направи запци на нешто. Ја однесе пилата кај мајсторот подобро да ја назаби.

Коњугација: назабат.

Изведени зборови:

  • назабување, глаг. им. ср.
  • се ~ назаби, (прен.) Се налути, се наостри, се озлоби. Се назабија сите на мене. Што му стана што се назаби толку.
  • (се) назабува, глаг. несв. (се) назабуваат

Оригинални податоци:

назаби, назабат св. Направи запци на нешто. Ја однесе пилата кај мајсторот подобро да ја назаби. ● се ~ (прен.) Се налути, се наостри, се озлоби. Се назабија сите на мене. Што му стана што се назаби толку. ‖ (се) назабува, (се) назабуваат несв. ‖ глаг. им. назабување ср.