назад

Прилог

Значење на назад:

1. Во спротивна насока од гледањето, од движењето, кон појдовното место. Погледна назад. Се сврте назад. Луѓето се враќаа назад како изгубени.

2. Зад, по нешто, некого; поназад, најназад. Сите го изминаа и го оставија далеку назад. Седна назад, на последниот ред. Знаев дека е назад некаде.

3. Во претходна состојба, како што било. Си го доби назад сиот имот. Врати назад долг.

Фразеолошки израз / поговорка:

Земи си го зборот назад – повлечи го кажаното. Мисли му за назад – мисли, води сметка однапред. Назад е зимата – допрва ќе биде што ќе биде. Назад е од веков – заостанува, назаден е, заостанат.

Оригинални податоци:

назад прил. 1. Во спротивна насока од гледањето, од движењето, кон појдовното место. Погледна назад. Се сврте назад. Луѓето се враќаа назад како изгубени. 2. Зад, по нешто, некого; поназад, најназад. Сите го изминаа и го оставија далеку назад. Седна назад, на последниот ред. Знаев дека е назад некаде. 3. Во претходна состојба, како што било. Си го доби назад сиот имот. Врати назад долг. ◊ Земи си го зборот назад – повлечи го кажаното. Мисли му за назад – мисли, води сметка однапред. Назад е зимата – допрва ќе биде што ќе биде. Назад е од веков – заостанува, назаден е, заостанат.