назборува
Значење на назборува:
Зборувајќи каже, соопшти многу нешта, изнакаже. Назборува толку многу што веќе стана здодевно да се слуша.Коњугација: назборуваат.
Изведени зборови:
- се ~ назборува, 1. Се изнакаже доволно, до задоволување. Се назборувавме денеска, па кој знае кога пак ќе се видиме. 2. Изнакаже некому отворено, без воздржување тоа што обично не се зборува. Ме истера од работа, ама барем му се назборував.
Оригинални податоци:
назборува, назборуваат св. Зборувајќи каже, соопшти многу нешта, изнакаже. Назборува толку многу што веќе стана здодевно да се слуша. ● се ~ 1. Се изнакаже доволно, до задоволување. Се назборувавме денеска, па кој знае кога пак ќе се видиме. 2. Изнакаже некому отворено, без воздржување тоа што обично не се зборува. Ме истера од работа, ама барем му се назборував.