нажеже
Значење на нажеже:
Стави изложи нешто на висока температура, вжешти, усвити. Стави ја машата во огништето и почувај ја така да се нажеже. Нажежаното парче железо ја добиваше саканата форма под ритмичките удари на чеканот.Коњугација: (ќе) нажежеа , (ќе) нажежев , (ќе) нажежел , нажежаа , нажежав , нажежал , нажежан , нажежат , нажежен, нажежете , нажежи .
Изведени зборови:
- нажежува, глаг. несв. нажежуваат
- нажежување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
нажеже, нажежат; нажежи, нажежете; нажежав, нажежаа; нажежал; нажежан; (ќе) нажежев, (ќе) нажежеа; (ќе) нажежел; нажежен св. Стави изложи нешто на висока температура, вжешти, усвити. Стави ја машата во огништето и почувај ја така да се нажеже. Нажежаното парче железо ја добиваше саканата форма под ритмичките удари на чеканот. ‖ нажежува, нажежуваат несв. ‖ глаг. им. нажежување ср.