Оригинални податоци:
не чест. За искажување одречно значење. 1. Самостојно за негативен одговор, за одрекување. Дали си гладен? – Не. 2. За потсилување на одрекувањето, со појава на двојна негација. Не, не може тоа така. Не, нема да дојдеме денес. 3. Во одречни реченици а) при одрекување и негирање на дејството. Тој не зборува со нас. Таа не оди на работа веќе со месеци. Тие не сакаат да помогнат. б) За искажување наредба. Да не те видам повеќе! Да не ми влезеш дома! 4. Во прашални реченици. а) Да не си болен? Да не си навреден? б) За изразување чудење и изненаденост. Да не те вознемири мојата победа!? Таа да не се загрижи за децата!? 5. За изразување сомнеж дека нешто ќе се случи. Пази како одиш да не се лизнеш. Застани отстрана да не се изгориш. 6. При благослови, желби, клетви и при негодување. Да не даде Господ. Да не чуе ѓаволот. Да не станам од место.